Политика за рефундирање

ПОЛИТИКА ЗА РЕФУНДИРАЊЕ

Друштвото за трговија и услуги НАНО ФОР КАВЕРС ДООЕЛ Скопје www.autonavlaki.mk, Ви благодари за довербата и за тоа што одбравте да купувате од „Нано фор каверс“. Се стремиме да обезбедиме квалитетни производи и позитивно корисничко искуство.

Доколку по приемот на производот не сте целосно задоволни, оваа Политика за рефундирање ги уредува условите и постапката рекламација, замена и враќање на средства.

 

  1. Општи услови
  2. Купувачот има право на рекламација, замена или рефундирање доколку производот:
  • е оштетен при испорака,
  • има фабрички недостаток,
  • не одговара на описот или спецификацијата објавена на веб-страницата,
  • е испорачан погрешен производ.
  1. Купувачот има право да се откаже од купувањето и да го врати производот, без наведување на причина, во рок од 14 дена од денот на приемот.
  2. Производот што се враќа треба да биде:
  • неупотребуван,
  • чист и неоштетен,
  • во оригинално пакување,
  • со приложен доказ за купување.

 

  1. Производи кои НЕ подлежат на враќање

Правото на враќање не може да се оствари доколку:

 

  • Поминале повеќе од 14 дена од приемот,
  • Производот е користен или оштетен по вина на купувачот,
  • Производот е вратен без доказ за купување.

 

  1. Оштетен или погрешно испорачан производ

Доколку производот е оштетен при испорака или е погрешно испорачан, купувачот е должен да:

  1. го извести Друштвото во рок од 48 часа по приемот,
  2. достави фотографија или видео доказ,
  3. го врати производот преку курирска служба (трошоците ги покрива Друштвото).

По потврда на рекламација, купувачот може да избере замена или рефундирање.

 

  1. Постапка за враќање и рефундирање
  1. барањето за враќање се поднесува преку :


E-mai: nanofor.navlaki@gmail.com


Со следниве податоци:

  • Име и презиме,
  • Телефон,
  • Број на нарачка,
  • Причина за враќање,
  • Фотографија (доколку е применливо).

 

  1. По приемот на производот, Друштвото врши проверка и.
  • Доколку барањето е прифатено → се врши рефундирање.
  • Доколку барањето не е прифатено → производот се враќа кај купувачот.
  1. Рефундирањето се врши во рок од 5–10 работни дена од денот на одобрување.

 

  1. Трошоци за враќање
  • Доколку причината за враќање е на страна на Друштвото – трошоците се на товар на Друштвото.
  • Доколку враќањето е по желба на купувачот: трошоците ги покрива купувачот.
  1. Начин на рефундирање
  • За онлајн плаќања, средствата се враќаат на истата трансакциска сметка.
  • За плаќање при достава, купувачот доставува банкарска сметка.
  • Рефундирање во готовина не се врши.

 

  1. Контакт

За рекламации, замени и враќања контактирајте нѐ:

Друштво за трговија и услуги НАНО ФОР КАВЕРС ДООЕЛ Скопје


E-mail: nanofor.navlaki@gmail.com

Тел. +38970417455


Адреса: ул. Анри Барбис бр. 56/2-10 Скопје