Политика за испорака

ПОЛИТИКА ЗА ИСПОРАКА

Ви благодариме што ја одбравте НАНО ФОР КАВЕРС. Нашата цел е производите да Ви бидат доставени брзо, безбедно и во совршена состојба. Во продолжение се наведени сите информации поврзани со начинот на испорака, роковите и трошоците.

Оваа политика се однесува на достава на производи нарачани по електронски пат, при што производите се испорачуваат преку курирска служба избрана од Друштвото за трговија и услуги НАНО ФОР КАВЕРС ДООЕЛ Скопје (во натамошниот текст: Друштвото), на адресата наведена во нарачката, под следните услови:

– Трошоците за достава се прикажуваат при нарачката и се вклучени во крајната цена.

– Купувањето преку интернет страницата е можно од коja било локација, но испораката се врши исклучиво на територијата на Република Северна Македонија.

– Испораката се врши на адресата наведена од купувачот при креирање на нарачката.

– Курирските служби доставуваат пратки во период од 09:00 до 16:00 часот, во работни денови, со исклучок на државни празници и неработни денови. 

– Купувачот е должен да обезбеди лице присутно на адресата за преземање на пратката. Доколку курирот не успее да го пронајде купувачот, ќе се оствари телефонски контакт за договор на нов термин. Доколку доставата не биде успешна и по третиот обид, пратката ќе биде вратена кај Друштвото. 

Рок на испорака:

Рокот на испорака за производи кои се на залиха изнесува 2-3 работни дена.

За производи кои се набавуваат по нарачка, рокот на испорака се договара поединечно со купувачот.

Трошоци за достава

Доставата за сите авто – навлаки е бласплатна и се однесува на артикли без попуст, освен ако поинаку не е наведено.

Во случај на враќање на производ по желба на купувачот, трошоците за враќање се на товар на купувачот.

Испораката се врши до влезот на објектот.

Купувачот е должен при приемот на пратката, да ја провери состојбата на производот. Доколку се забележат оштетувања настанати при транспорт, рекламацијата треба веднаш да се пријави кај доставувачот. Замената на производите се врши во согласност со Законот за заштита на потрошувачите.

Враќање и рекламација на производи

Купувачот има право да го врати производот во рок од 14 дена од денот на уплатата, доколку производот е неупотребуван и во оригинална состојба и пакувањето, заедно со доказ за купување.

Рекламации може да се пријават:

Промени на политиката

Друштвото го задржува правото да ја измени оваа политика за испорака. Сите измени и/или дополнувања влегуваат во сила со денот на нивното објавување на веб страницата.