ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Политика за приватност

Оваа политика за приватност дава општи информации за начинот на кој Друштвото за трговија и услуги НАНО ФОР КАВЕРС ДООЕЛ, Скопје, достапна на www.autonavlaki.mk ги собира и обработува личните податоци на посетителите и купувачите.

Друштвото за трговија и услуги НАНО ФОР КАВЕРС ДООЕЛ, Скопје (во натамошниот текст: Друштвото) е контролор на лични податоци и е одговорно за техничкото функционирање на www.autonavlaki.mk, заштитата на податоците и за содржините достапни на неа. Во рамки на Друштвото се обработуваат исклучиво неопходните лични податоци согласно со важечките прописи од областа на заштитата на личните податоци.

Собирањето и обработувањето на лични податоци е неопходно за да можеме да ја спроведеме нарачката, доставата, плаќањето и комуникацијата со купувачот. Доколку корисникот одбие да ги сподели неопходните податоци, Друштвото нема да биде во можност да ја изврши нарачката.

Друштвото овозможува користење на услугите на начин што не ја загрозува приватноста на корисниците и обезбедува јасни информации за начинот, причините и обемот на обработката. 

Оваа политика има за цел да ги информира корисниците за:

  • Причините за собирање и обработување на лични податоци;
  • Начинот на собирање и обработување на лични податоци;
  • Видовите лични податоци кои се обработуваат;
  • Правата и обврските на корисниците.

 

  1. Контролор и обработувач на лични податоци

Контролор на личните податоци е:


– Друштво за трговија и услуги НАНО ФОР КАВЕРС ДООЕЛ, Скопје, со седиште на ул. Анри Барбис, 56/2-10 Скопје, Контакт: е-mail: nanofor.navlaki@gmail.com / телефон+389 70417455.

 

Обработката може да се врши и од трети страни (курирски служби, банки, платежни процесори, ИТ поддршка), само во обем потребен за испорака на нарачките или техничка поддршка, и секогаш согласно договор и закон.

 

  1. Податоци што ги собира Друштвото

2.1 Лични податоци кои корисникот сам ги дава

Овие податоци се неопходни за извршување на нарачката и можат да вклучуваат:

  • Име и презиме,
  • Адреса за испорака,
  • Телефон,
  • Е-mail адреса,
  • Податоци за плаќање (не ги чуваме — се обработуваат само преку банката/платежниот процесор),
  • Податоци од веб-формуларите (прашања, пораки, забелешки за нарачка).

Друштвото собира само податоци неопходни за да ја овозможи услугата.

2.2 Автоматски собрани податоци

Преку cookies и серверски логови може да се соберат:

  • IP адреса,
  • Тип на уред,
  • Тип и верзија на прелистувач,
  • Посетени страници и време поминато на страницата,
  • Држава/локација (преку IP),
  • Извор од кој корисникот бил пренасочен.

Овие податоци се користат за функционалност, сигурност и статистики.

 

  1. Колачиња (Cookies)

Колачињата се мали текстуални датотеки кои се зачувуваат на уредот на корисникот. Се користат за техничко функционирање на страницата, подобрување на корисничкото искуство, статистички цели и маркетинг (доколку корисникот се согласи).

3.1 Зошто Друштвото користи колачиња?

  • За правилно функционирање на веб-страницата,
  • За запомнување на кориснички поставки (јазик, преференции),
  • За статистика и анализа,
  • За маркетинг и подобрување на услугата (само со согласност).

3.2 Видови колачиња

  • Привремени (session cookies): се бришат кога ќе го затворите прелистувачот,
  • Постојани cookies: се задржуваат одредено време за да ги запомнат преференциите,
  • Трети страни: Google Analytics, Facebook Pixel (доколку се користат).

3.3 Контрола на колачињата

Корисникот може во секое време да ги избрише или блокира колачињата преку поставките на прелистувачот. Дел од функционалностите можеби нема да работат правилно ако се оневозможат.

 

  1. Зошто Друштвото собира лични податоци

Податоците се потребни за:

  • Обработка и достава на нарачки,
  • Контакт со купувачот во врска со неговата нарачка,
  • Фактурирање и плаќање,
  • Унапредување на услугите,
  • Решавање проблеми и поддршка,
  • Усогласување со законски обврски.

 

  1. Категории на податоци кои се обработуваат

5.1 Податоци за навигација

Се креираат логови кои можат да вклучуваат IP адреса, тип на уред, прелистувач, време на посета, URL од кој корисникот пристапил. Логовите се бришат во рок од 12 месеци, освен ако е потребно подолго чување поради законски причини или безбедносни инциденти.

5.2 Податоци кои корисникот доброволно ги доставува

Податоците доставени при нарачка или контакт се обработуваат само за предвидените цели.

5.3 Време на чување на податоците

  • Податоци за нарачки: согласно законски рокови (закон за евиденции и сметководство – обично 5 години),
  • Контакт-податоци: до завршување на комуникацијата,
  • Cookies: согласно нивниот животен циклус.

5.4 Обработка за други цели

Податоците се обработуваат исклучиво за целите за кои се собрани. За секоја друга цел се бара нова согласност.

5.5 Споделување со трети страни

Податоците може да се споделат со:

  • Курирски служби,
  • Банки и платежни процесори,
  • ИТ-партнери за одржување на веб-страницата.

Не се споделуваат податоци со трети страни за маркетинг без согласност.

 

  1. Права на корисниците

Корисниците имаат право да:

  • Побараат пристап до своите лични податоци,
  • Побараат исправка, ограничување или бришење,
  • Поднесат приговор за обработка,
  • Побараат преносливост на податоците,
  • Дознаат за целите и основата на обработката,
  • Дадат или повлечат согласност за обработка (каде што се применува).

Овие права може да бидат ограничени во случаи кога закон е поинаку уредено (на пример: финансиски, безбедносни или правни процеси).

 

  1. Информациска безбедност

Друштвото презема технички и организациски мерки за заштита на личните податоци од неовластен пристап, злоупотреба, губење или уништување (SSL заштита, ограничен пристап, енкрипција, логирање, резервни копии). Во случај на безбедносен инцидент ќе бидат преземени сите законски мерки и корисниците ќе бидат известени согласно важечките прописи.

 

  1. Одрекување од одговорност

Друштвото не е одговорно за начинот и обработката личните податоци од страна на други самостојни контролори (курирски служби, банки, платежни процесори), при што корисниците се упатуваат да се запознаат со нивните политики за приватност.

 

  1. Промена на политиката за приватност

Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности, а измените ќе бидат бојавени на веб-страницата и ќе влезат во сила со денот на објавувањето.



  1. Контакт

За прашања поврзани со личните податоци или за остварување на правата, корисниците може да нè контактираат на:

Е-mail: www.autonavlaki.mk
Телефон: +38970417455

 

Датум на последна промена:

15.12.2025 година